Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Оставен сомнителен куфер го испразни главниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и околните објекти

Vmro 1.webp.webp
Img 7972

Поради сомнителен куфер оставен на Плоштадот  ВМРО, каде е седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во строгиот центар на Скопје, евакуирани се сите околни згради. Вработените од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), кое се наоѓа веднаш до белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека им било речено веднаш да ја напуштат зградата поради закана за бомба.

Од Министерството за внатрешни работи за СДК изјавиле дека денеска во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП Државни патишта (ЈПДП) пријавило дека на видео надзор пред канцелариите на Државни патишта на плоштадот ВМРО во Скопје биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер.


„Полициски службеници се упатени на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Пред зградата во моментов има голем број луѓе кои се евакуираат и полиција, пишува порталот.

Можете да прочитате

14-годишното девојче кое по 22 часа на ден беше заклучено во затворот Идризово за да не се види со осуденичките е префрлено во воспитно-поравен дом каде е сама

По смртта на Панчо Минов, носител на листа за независни советници е неговата ќерка

Подгответе се за змиско сметање на времето – ќе се стемнува пред 17 часот