Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Тешка сообраќајка на патот Штип–Кочани: Едно лице загина, петмина повредени

Policija soobrakjajka noke.jpg
Img 7972

На 07.10.2025 година во 09:18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип–Кочани, во близина на селото Горни Подлог, кочанско, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Х.М. (32) од село Трубарево, скопско, и патничко возило „Фолксваген Поло“ со бугарски национални ознаки, управувано од 22-годишната И.М. од Кочани.

Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи и Б.Д. (33) од село Љуботен, Д.З. (36) од село Трубарево и И.М. (21) од село Трубарево, сите сопатници во возилото „Рено“. По укажаната лекарска помош во болницата во Кочани, 22-годишната И.М. била пренесена во приватна болница во Скопје, додека останатите биле транспортирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.


За жал, од здобиените повреди Б.Д. починал, а кај возачот Х.М. се констатирани тешки телесни повреди. Кај останатите лица се констатирани телесни повреди.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Штип – ОВР Кочани.

Можете да прочитате

Подгответе се за змиско сметање на времето – ќе се стемнува пред 17 часот

Битиќи: На Долнени му треба Синани, градоначалник кој ќе обединува и ќе решава проблеми

Филипче: Премиерот да престане со спинови и да почне да се соочува со реалните проблеми