Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

2 16.jpg
300x250 opst2


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на отворањето на јубилејното, десетто издание на Adria Security Summit, што оваа година по втор пат се одржува во Скопје.

Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека самитот претставува најзначајна регионална платформа која ги обединува институциите, експертите и компаниите од областа на безбедноста и технологијата со цел создавање на посигурни и поотпорни заедници.


„Живееме во време кога безбедноста не се мери само со физичка заштита, туку и со способноста да одговориме на новите форми на ризици – од сајбер напади и дигитални закани, до критична инфраструктура и урбана безбедност. Токму затоа ваквите настани се клучни – тие создаваат мост меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу институциите и индустријата”, нагласи министерот Тошковски.

Тој ја подвлече и континуираната соработка на Министерството за внатрешни работи со Комората за приватно обезбедување, која е еден од клучните партнери во заштитата на јавниот ред и мир и во развојот на интегриран безбедносен систем.

„Приватното обезбедување денес не е само дополнување на полициските ресурси, туку значаен сегмент од вкупната безбедносна архитектура на државата. Заедно со Комората работиме на подигање на стандардите, унапредување на обуките и воведување нови технологии кои ја зголемуваат ефикасноста и довербата во овој сектор,” истакна Тошковски.

Министерот посочи дека безбедноста е основата врз која се гради економскиот развој, довербата во институциите и квалитетот на живот на граѓаните, и најави дека МВР ќе продолжи со процесите на дигитализација, модернизација и транспарентност со цел создавање на безбедносна средина што ќе ги следи потребите на современото општество.

Во своето обраќање тој ја поздрави и платформата Adria Smart City, што се одржува паралелно со самитот, како пример на интеграција на безбедноста и технологијата во создавањето на поефикасни и одржливи урбани заедници.

На крајот, министерот Тошковски им се заблагодари на организаторите, изложувачите и учесниците и изрази уверување дека Adria Security Summit 2025 ќе биде место на кое ќе се создаваат нови партнерства, ќе се споделуваат добри практики и ќе се дефинираат насоките на идната регионална безбедносна политика.

Можете да прочитате

14-годишното девојче кое по 22 часа на ден беше заклучено во затворот Идризово за да не се види со осуденичките е префрлено во воспитно-поравен дом каде е сама

По смртта на Панчо Минов, носител на листа за независни советници е неговата ќерка

Подгответе се за змиско сметање на времето – ќе се стемнува пред 17 часот