Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

По локалните, ќе се одлучува дали ќе има предвремени избори, вели Мицкоски

Miczkoski 1.2 768x511 1.jpg
Img 7972

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Струмица изјави дека по очекуваната победа на неговата на локалните избори, логично би било да се размислува за евентуални предвремени парламентарни избори, но додаде дека за таа одлука ќе се водат не од политичкиот туку од интересот на државата.

„Очекувам по овие локални избори да влеземе во еден циклус на засилен инвестициски бран и оној кој ја следи политиката ќе рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе има силна победа, посилна од таа во 2021 година, барем така зборуваат, и логично е да се предизвикаат предвремени парламентарни избори за да се обезбеди нов четиригодишен мандат. Ако тоа го гледаме како политичка одлука би се согласил, но ако го гледаме од државна логика тогаш поинаку размислуваме. Ние сакаме да ја ставиме државата пред сѐ и интересот на стопанствениците, за да имате предвидлива иднина, да знаете што можете да очекувате, па дури потоа се обидуваме да го ставиме тој наш политички интерес. Но, ќе видиме. Прво да се случат работите, па потоа ќе носиме одлуки“ порача Мицкоси.


Можете да прочитате

Подгответе се за змиско сметање на времето – ќе се стемнува пред 17 часот

Битиќи: На Долнени му треба Синани, градоначалник кој ќе обединува и ќе решава проблеми

Филипче: Премиерот да престане со спинови и да почне да се соочува со реалните проблеми