Утрински Весник
Македонија

Серија инциденти меѓу ученици во Скопје – полицијата со три нови случаи на насилство

Tepacka.webp.webp

На 07.10.2025 година во 12:30 часот во Полициската станица Карпош бил извршен службен разговор со 16-годишен малолетник од скопско, по пријава од 46-годишна жена дека на 06.10.2025 година околу 13:00 часот, во средно училиште на подрачјето на Карпош, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од соученик. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Истата вечер, во 20:30 часот, во СВР Скопје, 42-годишната Б.В. од Скопје пријавила дека околу 16:40 часот, во дворот на средно училиште во Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.


Дополнително, во 14:50 часот, К.С. (54) од Скопје пријавил дека на 05.10.2025 година, околу 02:00 часот, на автобуска постојка на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил нападнат од неколку лица, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата работи на целосно расветлување на сите три случаи на насилство меѓу малолетници во главниот град.

Можете да прочитате

Над 40 авто-школи под надзор, постојат сомнежи дека ги договарале цените за обука

Детали: Гостиварец со пиштол ја убил исчезнатата жена, телото пронајдено закопано по признание на неговата сопруга

Осумдневно бебе донесено без знаци на живот во прилепската болница