Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај

20251007163526 big 730x400 95.webp.webp
300x250 opst2

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во четвртфиналето на Мастерс 1000 турнирот во Шангај. Тој по голема борба го совлада шпанскиот тенисер Жуам Мунар со 2-1 во сетови (6:3; 5:7 и 6:2).

Шпанецот откако изедначи на 1-1 во сетови немаше сили за подвиг против искусниот тенисер, кој играше повреден, и кој сега е рекордер и воедно највозрасен тенисер што играл четвртфинале на Мастерс 1000 турнир (претходно тоа беше Рожер Федерер).


Противник на Ѓоковиќ во следната рунда ќе му биде Зизу Бергс од Белгија, кој со 2-1 во сетови го совлада Габреил Диало.

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Младата репрезентација ги почна подготовките за дуелите со Ерменија и Црна Гора