Утрински Весник
Македонија
Img 7972

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

448314775 789015946702594 802391780845283120 n.jpg
300x250 opst2

Соопштение на СДСМ:

Последниот вооружен инцидент во Куманово е најсериозен инциден во пресрет на локалните избори кој внесува сериозна загриженост за јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните.


Се случува тотален распад на безбедносниот систем и фијаско на министерот Панче Тошковски.

СДСМ бара од надлежните институци веднаш да го растчистат случајот и да ја информираат јавноста.

Бараме и политичка одговорност од Панче Тошковски. Ова што се случува во континуитет е за секаква осуда и недозволиво. Македонските улици се претворија во Див Запад. Престрелките се секојдневие, граѓаните не се чувствуваат безбедни.

Денеска во Куманово според информациите од медиумите можело дете да загине додека се враќа од училиште.

Со блиндирани возила ли треба граѓаните да ги носат децата во школо?

СДСМ предупредува дека вакви инциденти не се изолирани и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и ДПМНЕ.

Партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ, харањето по партиски штабов и злоупотребата на БЈБ се на директна штета на безбедноста на граѓаните. Тоа ги охрабрува криминалните структури.

Уште колку луѓе треба да настрадаат, уште колку луѓе треба да бидат убиени за Тошковски конено да си поднесе оставка?

Оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради очигледниот системски колапс на јавната безбедност и недоволна превенција на насилни инциденти мора да има.

Можете да прочитате

ТОШКОВСКИ: Осум години уништување на државата и страв од одговорност за истото, не се бришат со папагалско повторување на зборот “оставка“

АВМУ: Во периодот на предизборието не се констатирани прекршувања на одредбите од Изборниот законик, медиумите генерално се придржуваа кон објективност и непристрасност

Филипче до Мицкоски: Македонија не е твој експеримент, ниту твој вилает