Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Повредениот од пукањето во Куманово вон животна опасност, по иследувањата пренесен на скопските клиники

20251007152910 big 730x400 22.webp.webp
Img 7972

Повредениот од денешното пукање на улицата „Димитрија Туцаковиќ“ во Куманово е вон животна опасност. По завршените иследувања во Општата болица е пратен за Скопје, информираше за МИА, директорот на Кумановската општа болница, Сашо Стошевски.

-Лицето е примено со четири прострелни рани во пределот на левата подлактица и десно колено. Направени се сите иследувања од наша страна-рендген, компјутер. Лицето е вон животна опасност. Со возило на општа болница Куманово е пренесено на клиниките во Скопје, изјави директорот Стошевски.


Во меѓувреме, од Ургентен центар при ТОАРИЛУЦ, потврдија дека кај нив е донесено повреденото лице при пукањето во центарот на Куманово. Дополнително ќе соопштат повеќе информации за повредениот.

МВР соопшти дека повредениот е З.Ш.(43) од село Слупчане, општина Липково и оти е пренесен во кумановската болница.

– Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од улицата „Димитрије Туцовиќ“ со ул. „11 Октомври“ во Куманово, две лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф“, управувано од З.Ш.(43) од с. Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош, се наведува во информацијата од МВР.

Полициски екипи се на терен и вршат увид, а блокирана е улицата „11 Октомври“ на која покрај зградата на локалната самоуправа, се сместени сите поважни институции – судот, полицијата, поштата. 

Можете да прочитате

Филипче од Гевгелија: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе немаштија и безнадежност

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за твојот ментор и гуру

Филипче од Дојран: Оставивме дела, а не зборови, Ристо Џинев е гаранција за развој и нови проекти