Утрински Весник
Македонија

Утрово најстудено во Берово и Крива Паланка, најмногу дожд во Крушево

Vreme 4.webp.webp

Утрово најстудено е во Берово и Крива Паланка, 8 Целзиусови степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Крушево, 10 литри на метар квадратен.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот се измерени 9 степени во Крушево, 10 во Тетово, Виница, Куманово и Струмица, 11 во Претор, Штип, и Битола, 12 во Скопје-Петровец и Гевгелија и 13 во Демир Капија.


До 8 часот наврнале и 8 литри дожд на единица површина во Претор, 4 во Битола, Штип, Струмица, Тетово, Берово, Крива Паланка, Демир Капија и Виница.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Можете да прочитате

Малолетник заврши на ургентен – ова е причината!

Фатен на дело дилер на дрога – ја продавал на три лица во Охрид

Патничко возило со американски ознаки излетало од патот кај Кичево – едно лице тешко повредено