Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со повремен локален дожд

Vreme.jpeg

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, локално над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 13 степени.


Според прогнозата на УХМР, до среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

-Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: И ДЗР во 2024 констатирал неправилности во набавката на мазутот од 167 милиони евра за ТЕЦ Неготино

Приведен 19-годишник од Бојане кој завчера убил 18-годишник од истото село

Денешното утро доста свежо со ветер и потпросечни температури