Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кампањата за локалните избори влегува во втората недела

Opstini.webp.webp
Img 7972

Втората недела од кампањата за локалните избори 2025 започнува денеска. Претставувањата на кандидатите за градоначалници и советници продолжува, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии. 

Караванот на СДСМ е во Илинден, Петровец, Карпош и Центар. 


ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Долнени, Македонски Брод и во Кичево. 

Левица ќе одржи средби со граѓани на градски плоштад во Македонска Каменица, во Делчево и на градскиот плоштад во Берово.

Граѓанската платформа „Независни заедно“ најави прес-конференција на која ќе се обратат независните кандидати за градоначалници на општина Центар, Билјана Ивановска и на град Скопје проф. д-р  Горан Марковски. 

Во Гостивар прес-конференција ќе одржи и кандидатот за градоначалник Висар Адеми.

На платото пред Млечен ресторан во Карпош изјава за медиумите ќе дадат кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и коалицијата, Каја Шукова и Маја Мојсова, кандидатка за градоначалничка на Карпош.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе оджи прес-конференција на мостот на реката Лепенец во близина на Канал 5.

Можете да прочитате

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши груба злоупотреба на институциите за избори, началници на МВР на партиски на состаноци

Алиу: Со синхронизирање на 12 закони до унапредување на здравствениот систем

Од почетокот на месец октомври 2.267 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 22 лица за безобзирно управување на возило