Утрински Весник
Македонија

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

5aff2251 b25f 4560 b06d 8d2af7c59d86.jpeg

Голем дел од Скопје вечерва е без вода, а во останатите делови притисокот е значително намален, поради пукната водоводна цевка со дијаметар од 600 милиметри на улицата Франце Прешерн бр. 100Д во Влае.

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.


Жителите од Влае за 24инфо велат дека екипи на претпријатието вечерва излегле на терен, го заградиле местото и констатирале сериозен дефект, но дека санацијата ќе продолжи утре поради недостиг на луѓе и машини.

Во моментов без вода се делови од Хром, Ѓорче Петров, Влае и Карпош, додека во Центар, Аеродром, Автокоманда и други населби е намален притисокот.

Од „Водовод и канализација“ засега нема официјална информација до кога ќе трае санирањето на дефектот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол