Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Нуркачи ја открија потопената црква стара 460 години – светилиште што исчезна под вода во 2016 година

Screenshot 2025 10 05 153550.jpg
300x250 opst2

Црквата „Свети Архангел Михаил“ во селото Тубравиќ, во близина на Ваљево, првпат се споменува како манастир во турските пописи од 1560 година. Благодарение на откриените остатоци од стариот конак и гробовите во дворот, историчарите заклучиле дека оригиналната градба најверојатно датира од 15 век.

Иако нема многу податоци за овој храм, се смета дека манастирот пропаднал во одреден период, а црквата што беше потопена во 2016 година е изградена по Второто српско востание, според моделот на дрвените цркви. Првите пишани записи за неа потекнуваат од 1826 година, оставени од патеписецот Јоаким Вујиќ.


Во 1930 година биле направени последните големи измени – изградена е купола во неовизантиски стил, а црквата имала ѕвоно од 1860 година.

Потопувањето на Ваљевска Грачаница

Плановите за изградба на резервоарот во областа датираат од 1990-тите години, а кога започнаа градежните работи, се појавија гласини дека Ваљевска Грачаница ќе биде преместена. Сепак, тоа не било можно. Во 2003 година, епископот Лаврентије од Шабац-Ваљево дал согласност за потопување, откако на резервоарот била изградена нова црква.

И покрај силното противење на јавноста, во 2016 година храмот бил потопен. Пред тоа, од него биле извадени сите реликвии, иконостасот и старото ѕвоно од 1860 година.

Повторно под сончевите зраци

Деновиве, благодарение на нуркачите од Клубот за нуркање и спасување „Борац“, јавноста повторно имаше можност да ја „посети“ потопената црква. Тие се спуштиле на длабочина од 18 метри и ја снимија нејзината внатрешност.

Бидејќи водата е многу студена и видливоста ограничена, нуркањето во езерото е можно само неколку пати годишно, со специјална опрема.

„По осум месеци повторно ја посетивме црквата ‘Свети Архангел Михаил’, популарно позната како Ваљевска Грачаница. Овој пат ги искористивме нашите камери за да ја снимиме внатрешноста. На длабочина од 18 метри, во ладна вода и тишина, сончевите зраци се пробиваат низ зеленикавата вода – и ете ја, величествената црква,“ напишаа нуркачите во описот на видеото, пренесува Historical Entertainment.

Снимката брзо привлече големо внимание на социјалните мрежи, потсетувајќи на убавината и значењето на ова потопено светилиште кое сè уште живее под водата.

Можете да прочитате

Ова овошје е најдобро да се јаде наутро ако сакате да ослабете

Лутеница со моркови и пиперки: Според рецептот на баба за уживање во текот на целата зима

Нова надеж за пациентите со хронични рани, комбинација на лекови со неверојатен ефект