Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче: Македонија е нашиот дом, да се избориме за достоинствен живот на граѓаните

Venko struga 3.jpeg
Img 7972

Соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва на граѓанска во Струга рече дека богатството на Македонија е во соживотот, а вистински пример за соживот е Струга. Тој под слоганот „Се бориме за нашиот дом” испрати пораки дека верува дека стружани знаат да ја изберат вистинската страна и да покажат дека подеднакво треба да се негуваат негуваат различните култури и традиции и дека секој човек заслужува убав и достоинствен живот.


„Нашиот дом не е само куќата во која живееме. Нашиот дом е нашата улица, нашето маало, нашиот град, нашата Македонија. И кога велиме „се бориме за нашиот дом”, тоа значи дека се бориме за достоинствен живот за секој граѓанин, за секое семејство, за секое дете. Нашата сила е во единството и заедно можеме да направиме промени. Денес повеќе  од било кога, иднината е во рацете на вас граѓаните” рече Филипче.

Тој на трибината зборуваше за состојбата на државата во која владата не понуди решенија за скапиот живот на граѓаните туку ги остави сами да се снаоѓаат како знаат и умеат. Држава без проекти и влада без резултати, затоа тој порача дека промени се неопходни, а сега е вистинското време тие да се случат. 

„Да се  избориме за држава што не е ничија приватна сопственост, туку заеднички дом со правила што важат за сите”, им порача Филипче на стружани.

Можете да прочитате

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ