Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Трајановски: Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии

Img 1681.jpeg
Img 7972

Изјава за медиуми, д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром

Аерозагадувањето е сериозен проблем за здравјето на граѓаните, не само во Општина Аеродром, туку и на ниво на целото Скопје. Во зимскиот период, алармот за загаден воздух е многу висок. Нашите деца, повозрасните, хронично болните, сите ние ја чувствуваме оваа закана врз здравјето и квалитетот на живот.


Како општина, мораме да преземеме одговорност. Затоа, планираме контрола на загадувачите и редовно чистење на дивите депонии.

Ќе воспоставиме континуиран мониторинг на сите регистрирани и потенцијални извори на загадување, со транспарентни податоци достапни за граѓаните.

Паралелно, ќе понудиме субвенции за граѓаните кои ќе преминат на еколошки системи за затоплување, со што директно ќе се намали емисијата на штетни честички. Општината ќе вложи и во едукација: подигање на еколошката свест преку кампањи, работилници и училишни програми. Борбата против загадувањето е заедничка задача.

Ќе покажеме дека локалната самоуправа може да понуди решенија, со ред, одговорност и вистински мерки.

Можете да прочитате

Видео: Јаневски: Ѓорче мора да го задржи духот, на местото на руинираната сала „Партизан“ да направиме училишен центар

(Видео) Каков е плнот на кандидатите за справување со дивоградбите низ Скопје?

Од понеделник приватните автобуси ќе возат само прва смена