Утрински Весник
Македонија

Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја на коловозите 

20251003102148 big 730x400 45.webp.webp

Врнежите од снег кои го зафатија мавровскиот крај, предизвикаа проблеми во сообраќајот и на одредени сообраќајници има паднати дрвја. Екипи со вработени во Националниот парк „Маврово“ од синоќа ги расчистуваат коловозите.

-Во текот на вчерашниот ден и синоќа вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово“ со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрвја кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското Езеро. Причина за паднатите дрвја е снегот кој врнеше во текот на целиот ден, наведуваат од НП Маврово.


Оттаму посочуваат дека се општествено одговорна институција, која се става во служба на граѓаните.

Според информациите кои ги соопштија, претпладнево во околината на Маврови Анови и околните населени места, снежната покривка достигнува триесетина сантиметри.

Можете да прочитате

Затворени гласачките места во Брвеница

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти

Приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит, 11 под дејство на алкохол, а двајца со активна забрана