Утрински Весник
Македонија

Два дена пред изборниот молк – Уставниот суд ќе расправа за исклучувањето на Левица од рекламирање

Levica Logo Crveno Transparent.png

Два дена пред завршувањето на кампањата за локалните избори, на 15 октомври, Уставниот суд ќе расправа за иницијативата на политичката партија Левица за спорното упатство на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) кое ја исклучува оваа партија од платено политичко рекламирање. Изборниот молк започнува на 17 октомври.

Според соопштението од Судот, иницијативата на Левица ќе биде разгледана на следната седница на 15 октомври. Левица поднесе иницијатива со која бара Судот да го поништи упатството за радиодифузерите за локалните избори на АВМУ, со образложение дека, и покрај тоа што има шест пратеника во Собранието, партијата останува исклучена од можноста за политичко рекламирање.


Исто така, Левица побара и итна временска мерка со која веднаш би се ставило упатството на АВМУ надвор од сила, додека Судот ја разгледува иницијативата.

Одлуката на Уставниот суд ќе биде клучна за тоа дали Левица ќе може да учествува во платеното рекламирање во последните денови пред предизборниот молк, кој е критичен период за комуникација со гласачите.

Можете да прочитате

Големо празнично отворање: Ѓорѓиевски ги повикува граѓаните на заедничко осветлување

„Безбеден град“ се одложува – Новиот датум за старт е 1 февруари 2026

Општински и градски служби најавуваат затворање, организаторите тврдат – нема затворање на Зимзоленд!?