Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Газдата на „Дурмо турс“ и уште еден обвинет се уште не се во затвор оти имале проблеми со тестисите

Avtobus 6.jpg
300x250 opst2

Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и одговорниот за транспорт на фирмата Ремзи Мифтари кои се правосилно осудени на десет години затвор за несреќата од 2019 година, во која загинаа 16 патници се уште не ја издржуваат казната затвор затоа што и двајцата осудени имале проблеми со тестисите, пренесува „Сакам да кажам“.

Од Основниот суд Тетово за порталот изјавиле дека, од Тетовскиот суд, Белули имал херниа (кила) на едниот тестис и тој деновиве бил опериран. Мифтари имал на двете и деновиве и нему требало да му извршат зафат.


На 9 мај Апелациониот суд Скопје на газдата Дурмиш Белули повеќе од двојно му ја зголеми затворската казна. Од четири, на десет години. На Ремзи Мифтари му ја зголеми од од шест на десет години затвор.

Автобуската несреќа се случи во 2019 година. Загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени.

За разлика од пресудата на Кривичниот суд кој ги осуди на пониски казни сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули, а највисока затворска казна доби возачот на автобусот Маноил Трифуновски, Апелација го осуди сопственикот на десет години затвор, а на возачот му изрече иста затворска казна.

Можете да прочитате

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села

Мицкоски: На овие избори бираме каде да се движи државата – одлуката не е едноставна