Утрински Весник
Македонија

Полиција откри поголема количина дрога во скопско Ѓорче

Img 8205.jpeg

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска (01.10.2025) спроведе претреси на три локации на подрачјето на Ѓорче Петров по претходна судска наредба.

При претрес во домот на Д.Б. (24) од Скопје, полицијата пронашла и одзела поголема количина кокаин, марихуана и пари, поради што лицето е лишено од слобода.


По целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје, по брза постапка, за кривично дело по член 215 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Можете да прочитате

Сериозен инцидент во Галичник: Загрозен резервоар со вода за пиење

Двајца кумановци на 75 и 76 години се степале – едниот тешко повреден

Демографијата го зема данокот: Се затвараат четири подрачни училишта во Делчево