Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Меџити: ДУИ е симбол на влезот на српските банки

Text max 1199 900.jpg
Img 7972

На Конвенцијата за презентирање на кандидатите за градоначалници и општински советници на коалицијата ВЛЕН во Скопје, кандидатот за градоначалник на општина Чаир и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, остро ја обвини ДУИ дека станала симбол и гарант на влезот на српските банки, компании и криминални интереси во средините каде живеат Албанците.

“НЕ, ние не сме предавници – НЕ го поддржуваме Отворен Балкан, НЕ го признаваме Дака Давидовиќ, НЕ продадовме акции на српска банка, НЕ донесовме српско-руски казина меѓу Албанците, НЕ ги легализиравме брзите кредити на Милан Радоичиќ,“ порача Меџити, алудирајќи дека токму ДУИ стои зад овие процеси кои ја загрозуваат иднината на Албанците во Македонија.


“Дали оваа цената што требаше Албанците да ја платат за вие да станете сопственици во казино бизнисот на српското подземје? Дали оваа е цената што требаше Албанците да ја платат за вие да станете акционери во српската банка? Албанците имале секакви лидери. Но лидери што тргуваат со националната кауза за бизнис интереси на Србија – тоа не се памети!“ – беше пораката која Меџити ја упати до раководството на ДУИ.

На крајот, Меџити упати порака и за неговиот противкандидат во општина Чаир Бујар Османи, кого го нарече “докторот на Тик-Ток“.

„Не се добива почитта и поддршката на Чаир стоејќи поблиску до Зајас, а најмалку во Чаир, скокајќи од Скопската Чаршија во Белград, од ‘лајв’ врски на Фејсбук до тајни вечери во Будимпешта,“ изјави Меџити, нагласувајќи дека Албанците во Чаир заслужуваат вистинска посветеност, а не политички маркетинг.

Можете да прочитате

Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

Полиција откри поголема количина дрога во скопско Ѓорче

Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој ги презира криминалците кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери