Утрински Весник
Македонија

Мојсоска: Како Мерко во мандатот на Мицкоски отвори приватна градинка на контроверзниот универзитет?

505831653 10228048417570838 3251501138030411958 n.jpg

Бидејќи премиерот Мицкоски дури и на митинзи за промоција на кандидати за градоначалници не пропушта да ја оцрнува Левица за некаква коалиција со ДУИ (со оние кои неговата партија ги амнестира и етаблира), еве некои прашања.

Како градоначалникот од ДУИ, прочуениот Рамиз Мерко отвори приватна градинка во мандатот на владата на Мицкоски?


Дали министерот Фатмир Лимани има издадено дозвола за работа на оваа градинка, или таа работи незаконски – додека оние кои се должни да вршат надзор (Министерство за социјална политика и МОН) молчат?

Градоначалникот во заминување – кој не отвори ниту една градинка во Струга, кој ја затвори една од трите градинки во Струга, кој го продлабочи проблемот со листи за чекање за упис во градинки – токму во мандатот на ДПМНЕ отвора приватна градинка на неговиот контроверзен универзитет, каде се тепаа дури и просветни инспектори. Таканаречен универзитет, за кој и министерката Јаневска изјавуваше дека се констатирани неправилности, но наместо санкционирање – на овој се универзитет отвори приватна градинка, додека Стружани не можат ни да си дозволат упис и во обична градинка (камоли во приватна).

Оттука, се поставува прашањето дали Мицкоски е во коалиција со најкримогените елементи на ДУИ во Струга? 

П.С. Кој со кого се амнестира и кој со кого се пазари изминативе 35 години, на Стружани им е многу јасно.

Можете да прочитате

Петрушевски: Формирана Анкетната комисија за утврдување на околностите за трагедијата во Кочани и другите несреќи и трагедии

Муцунски учествуваше на министерскиот состанок на НАТО во Брисел

Свлечиште во тетовско Бањиче – Поместувањата на земјените маси ќе се следат со зголемено внимание