Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Сибирски бран: Следува студ, многу дожд и снег над 60 см!

Dozd sneg.jpeg
Img 7972

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на Средоземен циклон кој секундарно ќе се формира и ќе влијае на времето во нашата Република Македонија  и тоа уште од денес (среда 1 октомври) почнувајќи од вечерните часови и ноќта кон утрешниот ден (четврток 2 октомври) и во текот на целиот утрешен ден четврток како и во петок (2 и 3 октомври) условувајќи облачно време со обилни врнежи од дожд насекаде во нашата Република Македонија.


Во најголем дел од нашата Македонија ќе наврне големо количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен а локално дури и над 60 литри дожд на метар квадратен).

Во исто време од исток и од североисток, односно од Русија во нашата Република Македонија ќе продира многу ладен воздух, невообичаен за самиот почеток на октомври и ќе услови засилен ветер од северен правец и многу ниски температури на воздухот. Токму поради ова на планините  и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег со што ќе се формира првата сериозна снежна покривка за оваа сезона. На планините, особено оние планини со поголема надморска височина локално ќе се формира снежна покривка дури од над 50/60 сантиметри снег.

Поради понатамошно заладување ноќта четврток кон петок како и во петок (3 октомври) снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така врнежи од снег ќе има  и во дел од повисоките градови особено во западните  и во северните предели од нашата Република Македонија.

И во Скопје  и околината за време на погоре споменатиот период ќе има обилни врнежи од дожд а на околните планини и повисоки места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег  и ќе дува засилен ветер од северен правец. И во Скопје и околината ќе има големо заладување на времето.

Што се однесува до температурите, тие во четврток (2 октомври) ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени а во петок (3 октомври) тие ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 9 степени. На повисоките  и планинските места температурите ќе бидат под нулата  и ќе има појава на мраз.

Се на се пред нас е права зима уште во првите денови од месец октомври и температурите ќе бидат потпросечни дури и за повеќе од 10/15 степени што е премногу. Подгответе ја топлата облека  и зимските гуми на возилата, и секако бидете крајно внимателни доколку патувате низ планинските превои и тоа поради очекуваните обилни врнежи од снег  и снежната покривка, но и поради очекуваната појава на мраз поради минусните температури на воздухот.

Можете да прочитате

Скопје домаќин на 5. годишен форум на Регионалната алијанса за превенција на рак на грлото на матката

УЈП суспендираше инспектори поради сомнежи за поврзаност со трагедијата во „Пулс“

Незгода со глисер на суво во Охрид (ФОТО)