Утрински Весник
Македонија

Суспендирани се инспекторите од УЈП кои најавувале контроли во кочанската дискотека „Пулс“

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg

Инспекторите од Управата за јавни приходи кои комуницирале со синот на газдата во кочанската дискотека на смртта се суспендирани се додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба, велат од УЈП за „Слободен печат“ откако двајца даночни инспектори се најдоа во пораките што беа објавени во документарецот на Истражувачката репортерска лабораторија, а еден од нив и е брат на претседателката на Кривичниот суд Даниела Димовска.

Во објавата беа презентирани комуникации меѓу вработени лица и даночен обврзник, кои укажуваат на можност за оддавање на даночна тајна, како и неовластено информирање за претстојни контроли и координирани активности со други надлежни институции. Ваквото однесување претставува сериозно прекршување на Кодексот на однесување на вработените во УЈП. Управата за јавни приходи веднаш пристапи кон спроведување на внатрешна проверка на наводите изнесени во објавата и донесе Решение за суспензија на вработените лица кои се опфатени во случајот, сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба. Оваа мерка е преземена со цел заштита на институционалниот интегритет, угледот на Управата и довербата на граѓаните. Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на принципите на законитост, транспарентност и професионализам, и ќе продолжи да спроведува нулта толеранција кон секое однесување што ги нарушува овие вредности. Граѓаните можат да бидат уверени дека УЈП ќе продолжи да делува исклучиво во јавен интерес, со највисоко ниво на етика, одговорност и отчетност – се вели во одговорот од УЈП на прашањето на „Слободен печат“.


ИЗВОР: Слободен печат

Можете да прочитате

По пријава за гласна музика, двајца полицајци од Кочани истепале едно лице без причина

Емотивно обраќање на Газда Деко: Сочувство до сите родители, и ние ја носиме истата болка

Жител на Бегниште приведен поради агресивно однесување кон полициски службеници