Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Филипче: 10.000 фирми не може да си повратат ДДВ, Владата го уништи стопанството

Image 2025 09 30 144510462.png
Img 7972

Неспособноста на владата, претекува на секое поле, смета претседателот на СДСМ Венко Филипче. Тој денеска во изјава до медиумите рече дека страшни се бројките на компании кои не можат да го наплатат ДДВ-то па и до една година наназад. За ВМРО-ДПМНЕ нема повеќе изговори ниту во економијата, ниту во било која сфера во општеството.

„Имаме помеѓу 5.000 и 10.000 фирми кои што не можат да го наплатат ДДВ-то. На назад 6 до 12 месеци, дел од нив се и месечни и даночни обврзници. Во наше време имаше поврат на ДДВ истиот ден, истиот час, да не кажам. Имаме сериозно нарушување на ликвидноста на стопанството поради тоа што каснат исплатите од државата и од општините”, обвини Филипче.


Паралелно граѓаните се соочуваат со дивеење на цените по маркетите и влада која што ништо не прави за да го поправи тоа, рече Филипче. 

„И сето ова, сето тоа што го кажувате, за мене е доказ само за едно. Дека владата нема капацитет да се справи со буквално ништо, што е предизвик и терет за граѓаните”, заврши тој.

Можете да прочитате

Индустриското прозиводство во првите осум месеци поголемо од лани за 2,2 отсто

Стејт департмент: Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, главен предизвик е корупцијата

Филипче: Пад на инвестициите од 600 на 200 милиони евра,  лошите политики на власта ја кочат економијата