Утрински Весник
Македонија

Нагло заладување и обилен дожд, снег на планините од четврток

1739515401 Vreme.webp.webp

Под влијание на влажен и постуден бран, од утре попладне до петок, нашата земја ќе биде зафатена од обилни врнежи од дожд и значителен пад на температурите. На повеќе места се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен, а локално и над 50 литри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во четврток, поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира снежна покривка. Температурата на воздухот значително ќе опадне.


Во Скопје, од утре кон крајот на денот до петок времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, повремено побилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата значително ќе опадне.

Можете да прочитате

Приведена кавадарчанка, со остар предмет му нанела повреди на сопругот

Кривична за четири лица за грабнување на 23-годишна девојка во Струга

Понеделник 26 Јануари 2026 носи обилни дождови и локално невреме