Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мојсоска поднесе ургенција до МВР и Обвинителство – дивоградба во Струга со ново надградба

505831653 10228048417570838 3251501138030411958 n.jpg
Img 7972

Пратеничката и кандидатка за градоначалник на Струга од Левица, Јована Мојсоска, поднела ургенција за итно постапување до Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Струга и овластениот градежен инспектор во општината, поради надградба на објект во центарот на градот за кој претходно биле утврдени неправилности.

„И покрај констатирани неправилности во градењето – дивоградбата во струшката чаршија си крена уште еден спрат“, објави Мојсоска на социјалните мрежи, додавајќи дека случајот е „олицетворение на комплетниот колапс и коруптивност на системот“.


Таа укажува дека во градот се шири феноменот на узурпација на државно земјиште и незаконска градба сред бел ден, без да бидат преземени мерки од страна на МВР, обвинителството или општината. Во ургенцијата, таа бара продолжување на постапките за бесправна градба и узурпација на државно земјиште, потенцирајќи дека и покрај започнати управни и кривични процеси, работите на терен продолжуваат.

„Проблемот не е во една изолирана институција, туку во комплетна спрега на непостапување на низа институции: јавното обвинителство во Струга, државните правобранители, општината, вишото јавно обвинителство, МВР итн.“, вели Мојсоска.

Таа ја поврза оваа состојба со пошироката слика во земјата, оценувајќи дека „во Македонија во секоја сфера е метастазирана корупцијата и безаконието – а за тоа се виновни сите партии кои биле дел од власта досега“.

Можете да прочитате

Скопјанка претепана од поранешниот вонбрачен партнер

Објавата на ИРЛ го раздвижи обвинителството – проширена истрага за ‘Пулс’ во Кочани

Штипскиот градоначалник Јорданов избегал од предизборно ТВ соочување со кандидатот на СДСМ