Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски најавува БРТ и големи инфраструктурни промени во Скопје

Img 8093.jpeg
300x250 opst2

Нечистотијата и проблемите со јавниот превоз во главниот град, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, се последица на тврдоглавоста на градоначалничката Данела Арсовска.

Мицкоски изјави дека Арсовска не покажала интерес за градење односи и правење компромиси, што според него е спротивно на лидерството.


– „Лидерството не подразбира апсолутизам. Градоначалничката ја испушти шансата да разговара со советничките групи, со менаџментите во јавните претпријатија и да бара компромиси. Ако не се обидете да најдете заедничко решение, тоа не е лидерство,“ нагласи тој.

Прашан дали се чувствува одговорен што ја поддржа Арсовска во 2021 година, а сега го предлага Орце Ѓорѓиевски за нов градоначалник, Мицкоски рече дека совеста му е чиста затоа што Ѓорѓиевски е човек што носи решенија, работи чесно и веќе се докажал како успешен градоначалник во Кисела Вода.

– „Убеден сум дека уште во првите минути кога ќе ја преземе функцијата градоначалник на Скопје, Ѓорѓиевски ќе покаже разлика,“ истакна Мицкоски, додавајќи дека нема да има втор круг на изборите во Скопје.

Премиерот најави дека меѓу првите резултати што ќе се реализираат е проектот за брз автобуски превоз (БРТ), промовиран од поранешниот градоначалник Петре Шилегов. Мицкоски вети дека проектот ќе биде модифициран и проширен до Сарај, како и со нова линија север–југ што ќе ги поврзе Бутел и Кисела Вода до Драчево.

– „Реално е во 2026 или 2027 година да почнат теренските активности, по завршување на разговорите со европските финансиски институции и финализирање на техничкото решение,“ додаде Мицкоски.

Можете да прочитате

Калајџиев: Опасно е што обвинението за пожарот во Кочани е нарачка од политиката, а не грешка

Филипче: Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс

Мицкоски: Очекуваме убедлива и голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, СДС од 0 до 6 општини