Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Бујар Османи ја претстави изборната програма: 2500 паркинг места, ново комунално претпријатие и одлучна борба против корупцијата

Bujar osmani.webp.webp
300x250 opst2

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, ја претстави својата изборна програма со јасно дефинирани приоритети, ургентни и долгорочни, и порача дека промената е неопходна и мора да започне веднаш.

„Оттука нашите приоритети се прво во мобилноста во Чаир, бидејќи сметам дека тоа е основниот предуслов за останатите функции: 2500 нови паркинг места, ново комунално претпријатие за хигиена и нова политика за борба против корупција. Ќе воведеме живо пренесување на сите фази од постапките за јавни набавки, затоа што мора да го тргнеме имиџот дека сите политичари се корумпирани. Така ќе ја вратиме довербата на граѓаните”, изјави Османи.


Тој нагласи дека Чаир не може повеќе да живее во хаос, безредие и корупција, заробен од „клика” која не управува ни од самата општина. Според него, жителите на Чаир не бараат само замена на имиња на функциите, туку суштинска промена на културата на владеење.

„Граѓаните бараат промена на однесување, бараат чесност, посветеност и нов пристап во управувањето со општината. Времето за таа промена е сега”, додаде тој.

Во својата програма Османи постави два правци за решение на проблемите – итна акција за најкритичните проблеми, и долгорочна визија за развој на Чаир.

„Мојата програма е поделена на ургентна траекторија, која бара итно делување уште од првиот ден, и визија Чаир 2040, подготвена од најреномираните архитекти во светот, предводена од Мишел Ројкинд. Тоа е документ кој нема да биде врзан за мандатот на една личност или партија, туку ќе биде социјален договор на граѓаните”, објасни Османи.

Тој порача дека Чаир е на крстопат дали ќе продолжи по патот на корупција и дивоградби, или ќе ја избере визијата за европска и современа општина.

„Граѓаните не бараат само промена на политичари. Бараат промена на култура, на однесување и владеење. Тоа е пораката која ја слушам од сите, и затоа денеска почнуваме заедно со граѓаните да ја направиме таа промена”, заклучи Османи.

Можете да прочитате

Ѓеорѓиевски: Мал гест, голема радост за учениците со оштетен вид

Ливриниќ: За чист, транспарентен и младешки Бутел – кандидатката која ветува резултати, не празни зборови

Герасимовски: Набавуваме две нови цистерни и пет метларки за хигиената никогаш повеќе да не зависи од каприци и политички одлуки