Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Андоновски: Сајбер нападите се реална закана и се дел од пошироката слика на хибридните закани

Img 7988.jpeg
300x250 opst2

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во своето гостување во Тема на денот во Дневникот на ТВ Сител, се осврна на актуелните предизвици поврзани со сајбер безбедноста во државата. Најавувајќи го Дигиталниот самит на Западен Балкан, кој ќе се одржи оваа недела на 1 и 2 октомври во Скопје, Андоновски зборуваше за важноста на темата сајбер безбедност, која ќе биде застапена на три панели и едно обраќање на Александер Поти, Директор на Агенцијата за сајбер безбедност на Украина.

Тој потенцираше дека „Никогаш нема да може да кажеме дека сме сто проценти сајбер безбедни, но граѓаните треба да бидат спокојни затоа што работиме напорно на мониторинг на ситуацијата и навремено одговараме на предизвиците.“


Министерот го истакна значењето на Законот за сајбер безбедност, кој за првпат беше донесен оваа година и веќе влезе во втората фаза на реализација. Законот предвидува фазна имплементација во период од 3 до 4 години, како во приватниот, така и во јавниот сектор.

„Се гради Владиниот Центар за одговор на сајбер инциденти, сместен во МДТ, кој активно го следи и анализира секој потенцијален инцидент, изјави Андоновски.

Клучниот принцип на новиот закон, според министерот, е дека „Секоја институција има обврска да се грижи за сопствените ИКТ системи, исто како што се грижи и за другите сегменти од своето функционирање.“

Андоновски предупреди дека сајбер нападите се реална закана и дека тие се дел од пошироката слика на хибридните закани, која може да биде водена и од државни и од недржавни актери, вклучително и од бизнис интереси. Целта на ваквите напади, според него, е да се создаде страв, паника и недоверба во институциите.

„Се надевам дека ќе се одбраниме од ваквите напади, но мора да сме свесни дека сајбер нападите станаа сериозен инструмент во хибридното војување,“ додаде тој.

Министерот ги повика сите институции да ја преземат својата одговорност, додека МДТ останува посветен на заштитата и поддршката на сите владини органи во унапредување на сајбер безбедноста согласно со очекувањата на граѓаните и законските обврски.

Можете да прочитате

Три жени се тепале во станбена зграда во Чаир

Филипче до Мицкоски: Точно е дека има само две опции, едната на чесни кандидати кои работат за граѓаните од СДСМ, а другата е неспособната на ВМРО-ДПМНЕ

Двегодишно дете хоспитализирано во Куманово поради голтање на таблета