Утрински Весник
Магазин

Загадениот воздух – нов „невидлив“ виновник за дебелината

Img 20250913 wa0000.jpg

Покрај лошата исхрана, недостатокот на физичка активност и седечкиот начин на живот, науката укажува на уште еден сериозен фактор за зголемување на телесната тежина: загадувањето на воздухот.

Истражување на Универзитетот во Мичиген, спроведено врз повеќе од 1.650 жени на возраст меѓу 48 и 50 години, покажало просечно зголемување на телесната тежина од 4,5% во период од осум години. Научниците сметаат дека токму долгогодишното изложување на загаден воздух – особено на фини честички, азот-диоксид и озон – има силно влијание врз метаболизмот и доведува до таложење на килограми.


„Жените во доцните 40-ти и раните 50-ти кои биле подолго време изложени на повисоки нивоа на загадување забележуваат зголемување на телесната тежина“, објаснува професорот Ксин Ванг, еден од водечките автори на студијата.

Светската здравствена организација предупредува дека 90% од светската популација живее во области со загаден воздух, кој негативно влијае на сите органи во телото. Научниците нагласуваат дека редовната физичка активност е еден од ретките фактори што може да ги ублажи последиците.

Можете да прочитате

Храната што го штити мозокот и го намалува ризикот од деменција

Песната „Параходот“ го најавува јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски”

Креаторката на првата ВИ-глумица одговори на критиките од Холивуд: Нема да ви ја украдат работата