Утрински Весник
Скопје

Општина Аеродром од понеделник почнува голема есенска акција за бесплатно собирање кабаст отпад

Kabast otpad1.jpg

Општина Аеродром од 29 септември (понеделник) почнува голема есенска акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до средината на ноември.

Во соработка со ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром,  на повеќе локации ќе бидат поставени големи контејнери во кои граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар и дотраен мебел.

Акцијата ќе почне од населба Мичурин каде што в понеделник и  во вторник, 29 и 30 септември, садовите ќе бидат поставени на улица „Анастас Митрев“ зад паркот до трансформаторот и на улица „Венјамин Мачуковски“ до трансформаторот кај Железничка станица.

Потоа, в среда и во четврток, 1 и 2 октомври, жителите на Острово, својот кабаст отпад ќе можат да го оставаат на улица „Владимир Комаров“ бр. 9, како и на „Владимир Комаров“ број 16 зад ТЦ „Скопјанка“.


Кабастиот отпад е планирано да се собира речиси до средината на ноември, а жителите за сите локации и датуми можат да се информираат на страницата на општината aerodrom.gov.mk, каде што е објавен планот со точните датуми и локации.

Можете да прочитате

Голем пожар избувна во објект кај скопското Кале

По две години скопјани повторно ќе добиваат субвенции за инвертери

Град Скопје препорачува редовно чистење оџаци за почист воздух оваа зима