Утрински Весник
Скопје

ГРОМ: Кафански дипломи и тендерски матни игри – ова е понудата на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош

Img 149a2aad1e7e219e7f2a6a7b7e2c79c0 v.jpg

Кога ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи, тогаш пуштаат соопштенија со лаги и навреди. А најиронично од сè е што во Карпош ни го доведоа за кандидат човек кој до вчера седеше по кафани, со купена диплома пред една година, и единствено искуство му е чашката, а не проекти и работа, реагираат од партијата ГРОМ.

,,Граѓаните треба да знаат дека овој нивни „кафанџија-кандидат“ денеска седи во канцеларија и оперира со државниот буџет. Преку фирмата Алкалоид Конс се набавуваат лекови за Онкологија – па нека проверат зошто доцнат терапиите и колку тендери имаат добиено. Таму лежи вистинската приказна.


Докторите од Онкологија имаат многу што да кажат. Јавноста има право да знае дали профитот и договорите им се поважни од здравјето на пациентите.

Затоа, наместо да измислуваат лаги за Карпош, нека одговорат на едно едноставно прашање:
👉 Кој профитира од тендерите за лекови и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош?

Карпош не е кафана, ниту ќе биде експеримент на нивните школски другарчиња. Карпош е сериозна општина и народот тоа го знае.

Народот е со мене, а вистината ќе ги стигне и нив. Стевчо Јакимовски” се наведува во соопштението на ГРОМ.

Можете да прочитате

Шалтерите на ЈП Водовод и канализација нема да работат за време на празникот

Ѓорѓиевски: Овој ден е силен потсетник за важноста на волонтерството

Во понеделник автобусите ќе возат по неделен ред, Жичарницата нема да работи