Утрински Весник
Балкан

Македонското друштво „Илинден“ ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Amb bg zname.jpg

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа.

-На 26 септември 2025 се направени прегледи од страна на бугарски лекари и во самите слики се гледа бугарското знаме во државна амбуланта во Пустец ова е преседант бидеќи е државна инситуција каде живе македонско население признато од албанска држава. Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз Македонците во Република Албанија, се вели во соопштението на МД „Илинден“ – Тирана.


Посочуваат дека и на Македонците низ цела Република Албанија им е јасно дека акцијата за бесплатни прегледи треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари.

-Македонското друштво “Илинден“-Тирана изразува жалење што највисоките личности на албанската држава дозволуваат да бидат уценувани од бугарските политички лица за сметка на македонците во Република Албанија и што потклекнуваат пред тие уцени. При тоа, цената на уцените од Софија, врз политичкиот врв на нашата држава ја плаќа македонското население.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз македонците во Република Албанија.

Напомнуваме, дека досегашното нереагирање од страна на државните институции за заштита на сопствените државиани, доведе до крајно дрски и насилнички атаци врз Македонците во Република Албанија, стои во соопштението.

Можете да прочитате

Бугарската опозиција поднесе барање за гласање недоверба на Владата на Росен Жељазков

Воведувањето визи за Турците во Црна Гора доведе до нивно масовно заминување и затворање компании

Затворени училиштата во Атина, невремето „Бајрон“ предизвика сериозни проблеми и поплави