Утрински Весник
Свет

Прв сериозен снег на Алпите: Хаос и забрана на патиштата!

Auron 4 april 745x450 1.jpg

Поради првиот сериозен снег во сезоната што падна на Алпите, бројни патишта беа затворени, а сообраќајот беше отежнат во неколку земји, вклучувајќи ги Швајцарија, Италија и Франција.

Неколку швајцарски планински превои беа затворени во саботата, бидејќи наврнаа до 20 сантиметри снег во области над 2.000 метри.


Според веб-страницата на Туристичкиот клуб на Швајцарија (TCS) во саботата попладне, превоите Фурка, Готхард, Гримсел, Нуфенен, Прагел, Сан Бернардино и Сустен беа затворени од безбедносни причини. Зимските затворања на овие рути обично се случуваат помеѓу ноември и мај или јуни.

Можете да прочитате

Маск ја спореди ЕУ со нацисти, X казни профил на Еврокомисијата

Нови руски напади со дронови врз Украина

Зеленски: Преговорите на Украина со САД се конструктивни, но не и лесни