Утрински Весник
Македонија

Николоски: На овие локални избори ќе нема место каде што нема да победиме

Nikolovski.webp.webp

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето обраќање во Струмица на промоција на кандидатот за градоначалник Петар Јанков, истакна дека ќе се стави крај на сите неправилности во работењето во општина Струмица, посочувајќи дека токму победата во Струмица ќе биде круната на претстојните локални избори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

„На овие локални избори ќе имаме многу победи, енергијата е таква, анкетите се такви, веројатно ќе нема место каде што нема да победиме. Победата во Карпош и победата во Струмица ќе бидат круната на овие локални избори. Во Карпош затоа што мора да покажеме дека во Македонија има владеење на правото и оние коишто грешеле не може да бидат градоначалници, туку ќе одат таму кај што заслужиле, а во Струмица затоа што допрва ќе испитуваме што се работело во општината години наназад, децении наназад, на кој начин тоа се правело. На кој начин од еден пристоен град за живеење Струмица стана град којшто е на врвот на листите на загадување секоја зима, и како никнат згради како печурки на секој ќош кој тоа го дозволи и како го дозволи тоа”, кажа Николоски.


Николоски посочи дека со новиот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Струмица ќе стане поубаво место за живеење со реализација на бројни инфраструктурни проекти, нови улици, булевари училишта, градинки како и поврзување со Коридорот 4.

„Владата силно ќе застане и позади овој тим на советници, луѓе кои сум убеден дека со доктор Никола заедно ќе работат да имаме најуспешен совет досега. Убеден сум дека со новиот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ ќе можеме заеднички да ја спроведеме визијата и да реализираме бројни проекти, да направиме и Струмица и околните населени места многу поубаво место за живеење. Ќе има нови улици и нови булевари и нови водоводни и канализациони системи, ќе зборуваме и за нови училишта и за нови градинки, ќе зборуваме да реализираме повеќе паркови, а ќе реализираме и големи инфраструктурни проекти. Нашата стратешка цел покрај двата коридори коишто се сечат Коридорот 10 и коридорот 8, е да се поврземе и со Коридорот 4 и тоа поврзување ќе оди токму преку Струмица, најавувам многу голем грандиозен проект“, истакна Николоски.

Можете да прочитате

Филипче: Власта на ВМРО-ДПМНЕ е неспособна, расипничка и нечесна пред граѓаните

Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си

Гаши: Изборите не се институционална формалност, упатувам јасен повик до сите да се воздржат од секоја форма на притисок, користење на говор на омраза, поларизирачка пропаганда и злоупотреба на јавните ресурси