Утрински Весник
Македонија

МВР со демант до СДСМ: Конкретното лице доби пријава

Mvr.webp.webp

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформации објавени денеска од страна на една политичка партија дека наводно бил вршен притисок за како што велат случајот да биде заташкан во кој на 25.09.2025 едно лице беше лишено од слобода поради безобзирно возење, се наведува во соопштение на Министерството

„Вистината е дека Министерството за внатрешни работи вчера (26.09.2025) објави за случајот и објавата ви ја пренесуваме во целост:


На 25.09.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишија од слобода Н.Т.(27) од Пробиштип. При сообраќајна контрола со радар на експресен пат Кочани – Штип,  констатирано е дека тој управувал патничко возило „ауди” со пробиштипски регистарски ознаки со брзина од 185 километри на час на место каде што дозволената брзина е 110 километри на час.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи и во иднина со неселективно спроведување на законите и секој што го прекршува законот ќе одговара. Законот и правилата важат еднакво за сите граѓани“ стои во соопштението.

Можете да прочитате

Силјановска Давкова ги демантира написите: Фотографијата со претседателот Трамп е вистинска

Николоски: Иницираме да потпишеме Договор за соработка меѓу државите на Коридор 10 за развој на патната и железничката мрежа

Давкова објави дека била на приемот од Трамп и објави слика со неговата восочна фигура