Утрински Весник
Македонија

Крушево домаќин на настан по повод Светскиот ден на туризмот: „Одржлива трансформација во туризмот”

Krusevo.jpg

По повод Светскиот ден на туризмот, кој традиционално се одбележува на 27 септември, Министерството за култура и туризам в сабота организира настан во Крушево, на тема: „Одржлива трансформација во туризмот”.

Настанот има цел да поттикне дијалог и размена на искуства меѓу професионалците од туристичкиот сектор, локалните заедници и институциите, со фокус на добра практика и иновативни решенија кои придонесуваат за одржлив развој во туризмот.


Во рамките на програмата ќе се одржи панел-дискусија со учество на претставници од туризмот и носители на иницијативи за одржлив туризам. Ќе бидат презентирани конкретни примери на успешни приказни, како и идеи за подобрување на туристичката понуда на национално и на локално ниво.

Покрај дискусиите, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во богата програма, која вклучува: презентација на традиционални занаети, дегустација на крушевски специјалитети, активности на отворено – јавање коњи, велосипедизам и кајакарење по езерото.

Можете да прочитате

Обвинителството ќе постапи ако утврди елементи на кривично дело за Алта банка, Савески не открива дали е отворена предистражна постапка

Награди за најдобри женска и машка епизодна улога за Кочовска и Михајловски на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат