Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Судството не суди согласно закон и со цел постигнување правда, уште еден доказ за тоа е Васил Јованов

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Корумпираното судство што денеска го имаме е резултат од владеењето на СДС и ДУИ.


Дури и сега откако се во опозиција секојдневно се чувствуваат неправдите, што со години им ги нанесуваа на граѓаните. Тие неправди се поради тоа што СДС и ДУИ создаде една корумпирана и криминална мрежа на ‘свои’.

Секој ден, граѓаните се соочуваат со неправди, поради тоа што власта на СДС и ДУИ немаше поим што значи судство и дека правдата треба да биде слепа, односно еднаква за сите, а не да има исклучоци за кои важат некои измислени закони.

Таков беше случајот со Васил Јованов, кој ја усмрти младата Фросина Кулакова годинава во јануари.

Јованов, како привилегиран и близок со тогашната власт, бил фатен со дрога, во време кога бил веќе полнолетен, притоа не чувствувал вина за криминалот кој го направил  и наместо затворска казна добил пресуда упатување во поправен дом од страна на судијката  Даниела Алексовска Стојановска.

Инаку, Алексовска Стојановска куќата на нејзиниот татко во Ранковце ја претвори во општински штаб на СДС.

Ова е истиот тој Јованов кој ја усмрти Фросина на булеварот Партизански одреди, возејќи без возачка дозвола и во алкохолизирана состојба.

Вака изгледа заробеното судство на СДС и ДУИ.

Вака изгледа неправдата, која секој еден граѓанин ја чувствува секојдневно.

Во една нормална држава, не онаква како што си ја замислуваат СДС и ДУИ, правосудниот систем постои да ги заштити граѓаните. Не постои за  луѓето и функционерите на СДС и ДУИ, кои немаат воопшто допирна точка со реалноста, да го користат судството и да прават што сакаат.

И покрај ред вакви случувања, кои јавноста будно ги следи, и има многу јасен и цврст став за правосудниот систем во земјава, не може и понатаму судиите и обвинителите да се однесуваат незаинтересирано и да се фокусирани само на платите.

Што сакаат да порачаат? Платите се ниски, па затоа земаме мито?

Потребни се темелни промени во правосудството. Потребни се промени кои ќе ја вратат довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Потребни се промени, за да се изгради систем еднаков за сите, без привилегирани, без ‘наши или ваши’.

Правдата важи за сите и законите важат за сите.

Можете да прочитате

МВР: Предлог за поведување на дисциплинска постапка за 11 лица вработени во СВР Велес за убиството на Росица

Апасиев: По налог на Мицкоски, само на Левица и е забрането рекламирање – Уставниот суд веднаш да се изјасни

СДСМ: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не ги отфрла црвените линии ниту чекорите од планот, историските факти во резолуцијата се точни