Утрински Весник
Свет

УЕФА идната недела ќе донесе конечна одлука за евентуална суспензија на Израел

Uefa.webp.webp

Членовите на Извршниот комитет на УЕФА треба да се состанат на вонредна седница следната недела за да одлучат за понатамошното учество на израелските национални селекции и тимови во натпреварувањата под покровителство на Европската куќа на фудбалот, при што мнозинството членови се наклонети кон суспензија, објавија неколку европски новински агенции, повикувајќи се на лондонскиот весник „Тајмс“.

„Мнозинството членови на Извршниот комитет ја поддржуваат суспензијата на Израел откако осум експерти на ОН, вклучувајќи го и известувачот за Палестина, Франческа Албанезе, во вторникот ги повикаа ФИФА и УЕФА да го суспендираат Израел „како одговор на геноцидот што продолжува на окупираната палестинска територија“, објави шпанската новинска агенција ЕФЕ.


Макаби во средата играше на гости против ПАОК и ремизираше 0-0 во рамки на воведното коло во Лига Европа. Гостувањето на израелскиот тим во Солун беше проследено со протести.

Израелскиот тим во второто коло, на 2 октомври, треба да му биде домаќин на загрепски Динамо, на неутрален терен во Србија, во Бачка Топола

Можете да прочитате

Од 1 октомври нови царини во САД – таргетирани лекови, камиони и мебел

Трамп издаде наредба за продажба на TikTok

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија