Утрински Весник
Македонија

Ангелов: Опасен пламен од пакуван сончоглед – депонијата кај Арачиново гори

Img 7798.jpeg

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново, покрај стариот пат кон Куманово. Иако депонијата е оградена и има влезна врата, скопските пожарникари ја затекнале вратата отворена. Во депонијата имало поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен, како и други горливи производи.

Најверојатно, намерното запалување на сончогледот предизвикало опожарување на дел од депонијата.


„Поради насоката на струењето на воздухот, смрдеата од пожарот најверојатно се чувствува во делови од Скопје“, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Гаснењето е сложено поради обемот на зафатената површина, што го компликува гаснењето со вода или пена. Се прави проценка за неопходноста од затрупување на депонијата, која е под надлежност на Општина Арачиново.

Можете да прочитате

Жена со нож го повредила сопругот во Кавадарци

Михаилов: Нема застанување – конфискувани 5 запрежни коли со нелегални дрва 

Алијансата за Албанците ќе го обжалат Законот за прекршоци до Уставниот суд