Утрински Весник
Македонија

Унапредување на условите во поликлиниката Шуто Оризари еден од приоритетите

Foto 1 2 e1758808157770.jpeg

Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, д-р Шабан Салиу, заедно со министерот за здравство,  Азир Алиу, денеска оствари работна посета на Поликлиниката Шуто Оризари.

Посетата беше насочена кон унапредување на пристапот до примарна здравствена заштита и утврдување на приоритетите за побрзи, поблиски и правични услуги за граѓаните на Шуто Оризари.


Во разговор со раководството и медицинскиот персонал, министерот д-р Салиу и министерот Алиу се информираа за тековната состојба за потребите од медицинска опрема и кадар, со акцент на превентивните програми, имунизацијата и здравственото едуцирање на населението. Во фокус беа и организациските подобрувања, како и редовната координација меѓу установата и надлежните институции за обезбедување континуитет и квалитет на услугите за жителите на Шуто Оризари.

„Шуто Оризари мора да има здравствени услуги со ист квалитет како и секое друго место во Скопје. Нашата цел е фер пристап, пократко време на чекање и повеќе превентивни услуги за сите жители на оваа скопска општина,“ изјави д-р Шабан Салиу, подвлекувајќи дека инклузијата се мери преку конкретни резултати на терен.

Министерот д-р Салиу упати благодарност до здравствените работници за нивната посветеност и најави продолжување на теренските активности согласно Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, со јасна ориентација кон мерливи подобрувања во пристапот, квалитетот и правичноста на здравствените услуги во Шуто Оризари.

Можете да прочитате

Левица со Претставка против Упатството на АВМУ, повикува да се корегира текстот

„Ниту една повеќе“ повторно на протест пред Собранието

Мицкоски: После локалните избори ќе предложиме резолуција која ќе ги штити македонските национални интереси