Утрински Весник
Македонија

СДСМ: 180 илјади евра за бадеми и лешници, Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

448314775 789015946702594 802391780845283120 N.jpg

Соопштение за јавност од СДСМ

Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски повторно покажа дека воопшто не се грижи за за граѓаните туку само за себе и за својот лукзус.


Додека семејствата едвај преживуваат од плата до плата, додека цените растат, а стандардот тоне, Мицкоски и неговите министри трошат 180.000 евра за апетисани, бадеми, лешници, ф’стаци, индиски ореви. 

По милионите евра за манго, папаја и бејби биф, сега гледаме уште едно расипничко трошење на народни пари. 

Додека работниците и пензионерите чекаат достоинствен приход, власта на ВМРО-ДПМНЕ ужива на сметка на граѓани.  Додека граѓаните се борат со сметки и кредити, Мицкоски и неговите министри се гоштеваат со луксуз на нивна сметка.

СДСМ најостро го осудува ова расфрлање и потсетува: буџетот е пари на граѓаните, а не приватна каса на Мицкоски и неговата партиска елита.

Можете да прочитате

Левица: Нема вода за Стружани – има вода за хидроцентралите на Анѓушев

ВМРО-ДПМНЕ со број 9, СДСМ со број 5 на локалните избори 2025

Андоновски: Централниот регистар нуди над 100 услуги и е прва адреса за секој што сака да започне бизнис во Македонија