Утрински Весник
Македонија

Бесплатен влез на сите претстави на фестивалот Under 600 – првиот фестивал на независна театарска продукција

Image 2025 09 24 085859360.png

„Штрих” со задоволство соопштува дека стартуваат резервациите на билети за Under 600 фестивал (поддржан од British Council и РИКО) што се одржува од 25 до 28 септември во Скопје. Сите 12 претстави и дополнителни програмски активности се потполно бесплатни за публиката, што претставува свесна одлука на организаторите да се поттикне публиката да следи независен театар. 

Одлуката за бесплатна програма произлегува од основната мисија на фестивалот – да ги приближи независните театарски продукции до поширока публика. Резервациите се достапни на линкот тука. Поради ограничените капацитети на алтернативните простори каде се одржува фестивалот, препорачуваме навремена резервација. 


Фестивалот ќе се одржи на различни локации низ Скопје, вклучувајќи ги и нетрадиционални простори како кафулиња, галерии и јавни места, што дополнително ја нагласува мисијата за приближување на независниот театар до публиката. Целата четиридневна програма ја има на веб сајтот на проектот и на официјалните социјални мрежи на фестивалот.

Покрај 12-те главни претстави, програмата вклучува работилници за млади, панел дискусии со регионални театарски уметници, како и networking настани каде публиката може директно да комуницира со креаторите. Оваа програма е особено насочена кон младата публика, студентите и сите оние кои првпат се запознаваат со независниот театар.

„Under 600″ е иницијатива за зајакнување на независниот театар во регионот на Западен Балкан, создадена од Штрих заедно со Дах театар од Србија и Корифеј театар од Црна Гора. Регионалниот карактер на фестивалот овозможува создавање на заедничка енергија и согледување на творечките сличности и различности во регионот.

Фестивалот ќе го претвори Скопје во прослава на независниот театар, создавајќи простор за слободно творештво и уметничко влијание.

Можете да прочитате

Ангелов – Арафат: Романија ќе ги сподели своите искуства од реформите на системот за управување со кризи

Мицкоски: Дел судии и обвинители не ја заслужуваат ниту оваа плата, ќе ги зголемиме платите во судско-обвинителската служба

Тошковски демантира дека убиената Росица му пишала за помош преку СМС-порака