Утрински Весник
Македонија

Тачи се кае што станал дел од Европскиот фронт – нема да учествува на локалните избори

Menduh thaci 2.jpg

ДПА на Мендух Тачи одлучи да не учествува на локалните избори, и лидерот на оваа партија вели дека не жали за таквата одлука. Но, изрази каење што станал дел од Европскиот фронт, бидејќи, како што рече, коалициските партнери не останале доследни до крај на договорот.

Тачи: Се каам што влегов во Европскиот фронт. Секако. Затоа што јас сум човек кој кога ќе се договори, останува до крај на договорот, и мислам дека мажите и жените кои не стојат до крај на договорот се хорови (нечесни луѓе).


ТВ21: Кој не го испочитувал договорот?

Тачи: Првиот е г. Ахмети.

Според Тачи, правно-уставниот статус на Албанците во Македонија сè уште е нерешен, и тоа, според него, не смее да се заборави. Затоа, вели, ниту ВЛЕН, ниту ДУИ, не ја заслужуваат поддршката на ДПА.

„Самостојното излегување на ДПА ќе беше голема битка, не затоа што ќе освоевме многу гласови или многу општини, туку затоа што во еден момент ќе бевме приморани да поддржиме една од страните — било ВЛЕН, било ДУИ. Јас мислам дека двете страни имаат иста програма и платформа и не ја заслужуваат поддршката. Сето ова што го кажувам покажува дека тука ништо не се зборува за правата на Албанците, за унапредување на нивната положба. Дополнително, оваа влада отворено, директно, не е подготвена да направи компромис за уставните измени со кои би се деблокирал евроинтеграцискиот процес. Во овие избори, сметам дека е неразумно да учествуваме“, изјави Мендух Тачи, претседател на ДПА.

Тачи нагласи дека нема да биде дел од новата влада, без оглед на понудите што ги добил. Што се однесува до барањето за предвремени парламентарни избори од страна на опозицијата, Тачи не верува дека земјата ќе оди на избори, бидејќи, според него, победник би била повторно ВМРО-ДПМНЕ, а тие нема да дозволат такво нешто.

извор: ТВ21

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“