Утрински Весник
Македонија

Втор случај за 20 дена: ЗНМ повторно реагира на ограничување на медиумите од Министерството за здравство

Znm 3.jpg

Пред само дваесет дена Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) изрази сериозна загриженост поради недолично и непрофесионално однесување кон новинарки за време на јавен настан во Скопје, на кој присуствувал министерот за здравство Азир Алиу и одговорното лице за протокол од министерството.

Тогаш инцидентот настанал кога група новинари побарале изјави, а вработена од протоколот им одговорила дека тоа не е можно, при што на една новинарка ѝ се обратила со навредливи зборови: „Невоспитана, дрска и најбезобразна новинарка“.


Денес, ЗНМ повторно изрази загриженост поради нов случај на ограничување на присуството на медиумите при посетата на Клиниката за пулмологија и алергологија, каде што единствено била повикана агенцијата МИА, додека останатите медиуми не биле официјално поканети. Според ЗНМ, ова претставува дискриминација и создава сомнеж за прикривање информации од јавен интерес.

Организацијата потсетува дека институциите се должни да обезбедат транспарентност и еднаков пристап до информации за сите новинари и повикува на итна ревизија на практиките на Министерството за здравство за да се заштити правото на информирање и да се одржи довербата во институциите.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница