Утрински Весник
Македонија

ВРЕДИ: Јавните прашања за Али Ахмети сè уште неодговорени!

Vredi vlen.jpg

Соопштение на ВРЕДИ:

Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети, засрамена од поразот што ги очекува на 19 октомври, веќе се договори со анти-ЕУ и анти-НАТО партијата на Апасиев. Ова е најголемото демаскирање по 20 години ветувања за интеграција, денес тие стануваат партнери со Левица само за парче власт.


Али Ахмети сè уште ѝ должи на јавноста одговори на јавните прашања: Зошто го толериравте градоначалникот на Липково да краде и да ги труе жителите со арсен? Зошто продолжувате да ги заштитувате луѓето прогласени за „нон грата” од САД за корупција? Кога беше вашата последна средба со кој било релевантен меѓународен фактор?

Светот веќе знае кој е ДУИ. Само овие, со методите на оној што избега од правдата за корупција, мислат дека сè уште можат да ги измамат Албанците. Но, на 19 октомври, одговорот ќе биде јасен и заслужен.

Можете да прочитате

Ерол Шакири е новото лице на „Ноќно студио“ – од среда во 20 часот на 4ТВ

Шакири: Политичарите често даваат демагошки одговори, уметност е да се извлече вистината

Шакири за етикетирањето на новинарите: Ако мислиш поинаку, веднаш те обвинуваат дека си платен