Утрински Весник
Македонија

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ понуди само ароганција и лаги, ние нудиме чесни и компетентни кандидати на изборите

Struga venko sdsm 8.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средби со граѓаните на Струга порача дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нуди само ароганција и лаги, додека СДСМ настапува со чесни и компетентни кандидати на овие избори.


„Оваа власт е се подалечна од народот. Арогантна и самозадоволна, додека семејствата бројат денови до следната плата и ги кратат основните трошоци.  Работниците чекаат повисоки плати, а тие се расфрлаат со нивните пари. Додека платите стагнираа, инфлацијата го јаде секој заработен денар.” рече Филипче.

„Имаме највисоки цени за храна, а власта не прави ништо да ги ограничи додека ни продаваат приказни дека сме на врвот во Европа во економија. Сите изборни ветувања им беа една голема лага, а лажниот патриотизам превез за осиромашување на луѓето,” посочи тој.

Филипче порача дека СДСМ нуди вистинска алтернатива, чесна понуда со остварливи програми:

„СДСМ на овие избори оди со чесна понуда, остварливи програми и компетентни луѓе со интегритет. Граѓаните ќе бираат помеѓу докажани луѓе во општините кои ги предлага СДСМ и гол ПР на ВМРО-ДПМНЕ без никакви резултати.”

„Ние сме подготвени да работиме сериозно, транспарентно и секогаш со слух и емпатија за граѓаните. Тоа го докажавме во минатото, ќе го докажеме и сега. Државата и општините може да се вратат на вистински пат само со луѓе кои си стојат на зборот и не бегаат како кукавици при првата криза,” рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Можете да прочитате

Активни пожари во Гевгелија, Тетово и Крушево

Македонија до декември ќе ги исполни условите за „роаминг како дома“ со ЕУ

Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 повторно во Скопје