Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Кога ДУИ зборува за ЕУ, граѓаните се потсетуваат на Груевски и Мијалков

Vredi vlen.jpg

ВЛЕН со реакција по последните настапи на ДУИ, оценувајќи дека владејачката партија е „прозирна и очајна поради поразот што ја чека на 19 октомври“.

„Со половина раководство ставено на црни листи за висока корупција, тие одржуваат прес-конференции за ’вредностите‘ на Европската унија,“ се наведува во реакцијата.


Според ВЛЕН, уште поиронично е тоа што ДУИ, „стегната во ќош од резултатот што ја очекува на локалните избори, се здружила со анти-НАТО и анти-ЕУ партијата на Апасиев во Гостивар, Тетово и Струга. А сега зборуваат за ЕУ!“

ВЛЕН потсетува дека токму ДУИ, и покрај јасните противења на стратешките партнери, го изменила Кривичниот законик „за да го подготви враќањето на Никола Груевски и да овозможи ослободување на Сашо Мијалков“.

„Ова е истата ДУИ која секогаш ја користела Европската унија како фасада, а во позадина го хранела корупцискиот систем,“ велат од ВЛЕН.

Во реакцијата се поставуваат и три прашања за ДУИ:

Кога Али Ахмети последен пат имал средба со релевантен меѓународен фактор?

Дали добивте одговори на писмата што ги испраќавте ’низ светот‘?

Зошто го толериравте градоначалникот на Липково да краде и да ги труе жителите со арсен?

Од ВЛЕН нагласуваат дека за разлика од ДУИ, нивната коалиција преку Планот за раст и Реформската агенда „реално го приближува земјата до европските стандарди преку конкретни реформи и инвестиции“.

Можете да прочитате

Томовски: Во службените возила ќе се вметне и ГПС со цел зголемување на транспарентноста и контролата

Во Македонија има 174 пациенти кои имаат потреба од хормонот за раст – нема листа на чекање

Животот се поскап: Синдикална минимална кошница за септември 65.077 денари