Утрински Весник
Македонија

Чупеска: Институциите овозможуваат и не спречуваат насилства

Cupeska Sdsm 1.jpeg

Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска во интервју за Рацин.мк потсети дека за време на мандатот на нејзината партија, фемицидот бил етаблиран како посебно кривично дело, но дека актуелната власт не покажува слух за решавање на ова прашања.

Според неа последниот случај но и претходни случаи на фемицид покажуваат дека во општеството има ситуација на институционално овозможено насилство.


„Не се сложувам дека станува збор за институционална немоќ, туку станува збор за обратно: институционално овозможено насилство. И тоа не само низ овој пример, туку низ низа претходни епизоди, кои биле системски овозможени. Во таа смисла, очигледната негрижа и неспособност на оваа власт да ги заштити најранливите, резултира не ретко со фатални последици. Инаку, во мандатот на СДСМ, фемицидот, беше етаблиран како посебно кривично дело, но и покрај тоа, капацитетите на актуелната власт по ова прашање, веројатно поттикнати од назадни и антиродови ставови, не покажуваат никаков слух“ порача Чупеска

Можете да прочитате

Кузеска: ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма

Работничка повредена во фабриза во ТИРЗ Кочани

Перински: Ранковце добива нови развојни можности преку европските фондови и владината поддршка