Утрински Весник
Македонија

Зајкова: Оставки од сите што молчеа додека градот се труеше

Zajkova 681x464 1.jpg
Dik 300x250 mk

Лидерката на ЛДП и пратеничка во Собранието Моника Зајкова реагираше на социјалните мрежи откако резултатите од мерењето на воздухот покажуваат дека тој бил неколкукратно повеќе загаден по пожарот во Трубарево.

„Шест дена ќутење – шест дена сите ние и нашите деца вдишувавме тешки метали, за да ни потврдат дека не трујат, како да сами не осеќавме, па некој имаше дилеми!?! Ова не е само скандал, ова е директно загрозување на здравјето на Скопјани! Каде беа надлежните? Кој ќе понесе одговорност? Како ќе се постапува понатаму?


Барам итно:

• Објавување на сите мерења и анализи, без прикривање.

• План за деконтаминација и здравствени проверки за граѓаните.

• Оставки на сите што молчеа додека градот се труеше.

Ова е последно предупредување. Граѓаните имаат право на чист воздух и вистина – не на тишина“ пишува Зајкова.

Можете да прочитате

Уште четири лица се уапсени со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството

СДСМ: Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев?

Царина заплени злато, 37.500 евра, „Ејпл” уреди, тутунски производи и парфеми